Кои сме и зошто сме

Кој седи позади Аристократ?

Ние сме мала креативна агенција од Битола. Целава идеја почна како мајтап, направивме портрети за нас – па многу луѓе посакаа да станат благородни (како нас, нормално).

Па не сме ние себични да си ја чуваме моќта дадена од бога, еве, сега сите можат да имаат Аристократски проект. Како прави богати луѓе што сме во оваа наша мала држава.

Владетели и Нивни Портрети

Александар Велики,  најголемиот стратешки мозок во антиката е роден. Кога набилижил 15 години, го добил неговиот прв портрет.

Константин Велики, император на Византија кој ја создал првата унифицирана валута. Направиле статуи и многу портрети од него.

Карло Велики, таткото на европа, крал на Фанките, Ломбардите, а потоа и свет Римски император. Денес знаеме како изгледа од неговите познати портрети.

Цар Самоил и неговото царство кое и пркосело на Византија. Познат по неговата бунтовност, умешност во владеењето и црвено-дречливиот портрет.

Јованка Орлеанка, хероина и светец што ја спаси Франција од стогодишната војна со Англија. Во нејзина чест се изведени преку 100 портрети

Наполеон Бонапарта е француски генерал и император, познат по неговите освојувања и по најдобрите маслени портрети

Озлогласениот Адолф Хитлер, познат по неговата умешност да опорави распадната држава и да пороби пола свет. Каков, таков и Адолф имал портрет.

Исто така, во овој век се родени и твоите родители. Или можеби ти припаѓаш на овој век на случки. Сте овековечиле со портрет?

А во овој век си роден најверојатно ти или твоите деца… Портрет камо ти?

Благородник без портрет не го бива.